free web page maker

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА СТУДЕНТИ ПО ДИЗАЈН И АРХИТЕКТУРА

ОДЛИЧНА МОЖНОСТ ЗА СОРАБОТКА СО СТУДЕНТИ ОД ФАКУЛТЕТ ЗА ПРОДУКТ И МОДЕН ДИЗAЈН “UNIVERZITÄT DER KÜNSTE BERLIN” ПРЕКУ РАБОТИЛНИЦА ЗА ДИЗАЈН НА ПРОИЗВОД
Проектот е поддржан од Германска Амбасада, Скопје

ФОРМАТ: ЕКСПЕРИМЕНТАЛНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ДИЗАЈН И ИЗРАБОТКА НА ПРОИЗВОД
ПЕРИОД: 17.-22. НОЕМВРИ, 2018
ЛОКАЦИЈА: СТУДИО ЛИПА КЕРАМИКА (Матка) и PUBLIC ROOM (превозот е организиран)
ВРЕМЕ: СЕКОЈ ДЕН ОД 8:30 – 16:00Ч

ОПИС
Во период 17. - 22.ноември, 2018 на покана на Јавна соба осум мастер студенти од факултетот за продукт и моден дизајн од UNIVERZITÄT DER KÜNSTE BERLIN (webpage), предводени од светски познатата дизaјнерка и нивен професор, Ineke Hans, ќе имаат можност да соработуваат со неколку продукт дизајнери и архитекти од Македонија.
Овој повик е наменет за студенти од финална година на студиите на продукт и индустриски дизајн и архитектура, кои сакаат да создадат нови дизајн решенија за домаќинство и /или угостителство преку заедничка работа со колеги од Берлин.
Работилницата е замислена како експериментална и остава простор за реализација на идеи кои ќе можат да се реализираат во керамика и трска. За таа цел ангажирани се двајца експерти и тоа, Анета Попвска – архитект и керамичар и Петар Благојевски – виртуоз за плетење трска на разбој. Учесниците можат да работат со еден или со двата материјали во формати дозводелни со времето за работа и предвидени количини. Предвидено е групно работење, но квалитетни индивидуални идеи нема да бидат игнорирани.
Сите изработени предмети ќе бидат изложени на Skopje Design Week на 21.ноември и ќе бидат промовирани за време на фестивалот. www.ministryofpleasure.net

ШТО Е ПОТРЕБНО ДА ИСПРАТАМ?
Секој кандидат потребно е да испрати свое портфолио и CV на англсики на contact@publicroom.org најдоцна до 10:00 часот наутро, до вторник, 12.ноември 2018. Сите кандидати ќе бидат исконтактирани на 13. номеври од страна на организаторот.

ИНФО
За дополнителни информации можете да се обратите на info@publicroom.org